22.03.2024 Скопје
Состојбата со Голема кашлица продолжува да се влошува. Денеска се потврдени вкупно 10 нови случаи. Поради алармантната состојба продолжува инспекцискиот надзор во сите градинки. И Министерството за труд и социјална политика преку свои инспектори врши редовни и вонредни контроли. Само оние деца кои имаат примено три дози вакцина против пертусис се примаат во градинка, под услов во рок од половина година да ја примат и четвртата доза. Ова го потврди дополнителната заменичка министерка Тренчевска.
Од Комисијата за заразни болести сметаат дека масовното вакцинирање е единствениот начин за сопирање на епидемијата на голема кашлица.
Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачуваат вакцинација на целото население, а особено на оние постарите лица над 65 години, бремените жени, здравствените работници и оние со хронични болести. До крајот на минатата недела против грип во Република Северна Македонија се вакцинирани, речиси, 62.000 граѓани.
Заразата со сезонски грип се намалува. Минатата седица заразени сер 253 пациенти, што е за 40% помалку споредбено со претходната. Најголем дел од заразените се од Гостивар, каде се потврдени 49 случаи, потоа следуваат Струмица, Кавадарци, Скопје, Куманово и Битола. Најбројни се оние на возраст од 15 до 64 години, покажува најновиот извештај на ИЈЗ.
Подготвено од М.Д.