obedineti nacii glasanje

22.03.2024 Скопје

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница на која ќе гласа за американската нацрт-резолуција за Блискиот Исток, изјави постојаниот претставник на Франција во Обединетите нации, Николас де Ривера.

Тој рече дека постојат две опции, од кои првата е да се усвои текстот и да се премине во следната фаза на управувањето со кризи или да се отфрли нацртот, по што ќе се гласа за нацртот подготвен од земјите кои не се постојани членки на Советот за безбедност.

Де Ривера изрази надеж дека барем вториот нацрт ќе биде усвоен.

Американскиот нацрт го поставува „императивот за непосреден и одржлив преседан за заштита на цивилите од сите страни“ и „едногласно ги поддржува тековните дипломатски напори за обезбедување прекин на огнот со ослободување на сите заложници“.

Текстот ги отфрла дејствијата кои ја намалуваат територијата на Газа, вклучително и воспоставување официјални или неофицијални тампон зони, како и принудното раселување на цивилите во Газа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author