29.03.2024 Скопје
Сопругата на министерот за економија Крешник Бектеши, Улка Каба Бектеши, ќе биде сопственичка на угостителски објект на булеварот „Ослободување“, главната и најпрометна артерија во Кичево.
Според пишувањето сопругата на министерот од Кичево заедно со своја сограѓанка од пред неколку дена го формализирале отворањето на „Фреш 2019“ со адреса на „Булевар Ослободување бр.54“ со дејност „ресторани и останати објекти за послужување на храна“.
Во последните денови од 2022 медиумите објавија дека Улка Каба Бектеши е вработена во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, институција под директна ингеренција на Владата.
Пред околу пет години беше објавено дека во правната служба во МЕПСО се вработила и неговата сестра. Тогаш министерот порача дека таа не живеела со него и дека, како и сите други, има право да бара работа.
Подготвено од М.Д.