22.03.2024 Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки.
Како што соопшти МВР, меѓу мерките се и пет санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет за користење мобилен телефон при возење и 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, посочуваат од МВР.
Подготвено од М.Д.