06.03.2024 Скопје
Околу 16 часот и 20 минути, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм згаснаа.
Многу корисници низ целиот свет беа одјавени од нивните сметки преку Фејсбук и не можеа повторно да се логираат.
Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се активираа и почнаа да функционираат по еден час.
Корисниците на Инстаграм можеа да ја отворат мрежата, но „Почетната“ не функционираше, ниту пак нешто друго на страницата и во апликацијата. Facebook Messenger не работеше исто за многу корисници.
Проблемот со Фејсбук и Инстаграм беше глобален.
Еден час откако падна,Фејсбук работеше за повеќето корисници, како и Messenger.
Повеќе од половина час по падот на социјалните мрежи, портпаролот на Мета, Енди Стоун, објави сè на конкурентот Х (поранешен Твитер).
„Свесни сме дека луѓето имаат проблеми со пристапот до нашите услуги. Сега работиме на тоа“, рече Стоун.
Бројни корисници пријавија проблеми на страницата Downdetector.
Имаше повеќе од 300.000 извештаи за прекини на Фејсбук и околу 40.000 извештаи за Инстаграм, се вели на страницата.
Подготвено од А.Ѓ.