https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t31.18172-8/26114748_1430347563757754_503538357555470801_o.jpg?_nc_cat=105&ccb=1-7&_nc_sid=e3f864&_nc_ohc=HHWIzww8RE8AX9gJ-1O&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_L1JrfDX-EUKy7ulOWZhNivVgTzzoaXy0Dca7Qa0l6FQ&oe=62FE06FD

29.03.2024 Скопје

Собранието на последна пленарна седница за овој парламентарен мандат донесе неколку закони без никаква дискусија и дебата. Пратениците во рамки на последната 149. седница Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.

Со предложениот закон се стимулираат неделните, месечните и локалните медиуми и оние весници кои што се објавуваат на јазикот на националностите во Република Северна Македонија да продолжат со своето работење и издавање на својот јазик. Предлогот за изменување и дополнување на Законот за медиуми предвидува финансиската поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми да се врши од предвидените средства од Буџетот на Република Северна Македонија, така што вкупната финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми, не смее да го надмине износот од 0.03 проценти од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија.

Исто така, во рамки на оваа седница беа усвоени и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог на законот за дополнување на Законот за спортот, и двата по скратена постапка.

На оваа седница, Собранието не го усвои Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, по скратена постапка.

Од 131.седница беше донесен Предлог на законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, по скратена постапка.

Подготвено од М.Д.

About Author