pance-toskovski

13.03.2024 Скопје

Поништени пет наредби за распоредувања и прераспоредувања во МВР, само со потпис на техничкиот министер, спротивно на закон.

Преку соопштение од владата информираат дека по укажување на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи во техничката влада, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во бирото за јавна безбедност, ваквите акти, како второстепен орган, ги прогласи за ништовни.

Согласно законот за влада, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, заедно и рамноправно ги разгледува и потпишува сите акти и документ, во спротивно не произведува правно дејство, пишува во соопштението од владата.

Подготвено од М.Д.

About Author