sredba taljat dzaferi i gregor presker

12.03.2024 Скопје

Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во државата, Грегор Прескер, соопшти владината прес-служба.

Во фокусот на разговорот биле севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, со акцент на економската соработка. На средбата се разговарало и за европската перспектива на нашата држава, како и состојбите во поширокиот регион од Западен Балкан.

Соговорниците истакнаа дека двете држави имаат одлични билатерални односи кои се карактеризираат со постојана меѓусебна поддршка и почитување.Премиерот Џафери ја поздрави поддршката што Словенија ја дава за европската перспектива на Република Северна Македонија, како и за споделувањето на искуствата во овој процес. Освен успешната политичка и економска соработка меѓу двете земји, соговорниците разменија ставови и за соработката во областа на одбраната, внатрешните работи, културата, науката и образованието, стои во соопштението.

Амбасадорот Прескер истакнал дека Република Северна Македонија заедно со другите земји од регионот е географски приоритет за Словенија и ќе продолжи активната и гласна поддршка на Словенија за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author