https://www.facebook.com/photo/?fbid=537716111872254&set=pb.100069016095883.-2207520000.

28.03.2024 Скопје

По поднесените две кривични пријави од СВР Тетово против М.Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор при регионалниот центар за гранични работи Север, осомничен за сторено кривични дела „насилство“, „помагање“ и „обид“ во врска со кривично дело „убиство“ и против други лица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршил увид во пријавите, по што презема мерки против М.Т. и други полициски службеници согласно законските овластувања.

Одделот за внатрешна контрола, информираат од МВР, заклучил дека полицискиот службеник постапил спротивно на член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и дека сторил потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.

Имено, околу 13 часот на 11.01.2024, по претходно нарушен јавен ред и мир со физички напад пред Основниот суд во Тетово, извршен од Р.Т. врз А.М., дошол М.Т. и со пиштол му се заканил на А.М.. Истиот ден, околу 18.30 часот во кругот на Клинички центар во Тетово, М.Т. им помагал на Ф.Т. и Р.Т., кои од огнено оружје пукале и ги повредиле А.М. и З.М. од Тетово.

Подготвено од М.Д.

About Author