zemjotres

25.03.2024 Скопје

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во земјотресот што во неделата наутро го погоди регионот Источен Сепик во Папуа, Нова Гвинеја.

Земјотресот со јачина од 6,9 степени уништи околу 1.000 домови, а епицентарот на земјотресот бил на 38 километри од градот Амбунти, на длабочина од околу 40 километри.

Гувернерот на провинцијата Источен Сепик, Алан Бирд изјави дека земјотресот предизвикал материјална штета во голем дел од покраината, која неодамна беше зафатена од поплави.

Во реонот на епицентарот целосно или делумно се уништени повеќе од 90 куќи.

Обилните врнежи во комбинација со силните ветрови претходно овој месец предизвикаа огромни поплави и предизвикаа лизгање на земјиштето во Папуа, Нова Гвинеја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author