09.03.2024 Скопје
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека доколку кандидатот на Републиканската партија победи на претседателските избори во САД, САД повторно ќе бидат предводени од силен претседател.
„Да се има силен претседател во Белата куќа секогаш обезбедува форма на стабилност за глобалната безбедност“, рече Сијарто пред средбата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и Трамп на Флорида.
Сјарто изрази уверување дека војната во Украина немаше да дојде доколку Трамп победи на изборите во 2020 година и дека во тој случај многу побрзо ќе се дојдеше до решение за конфликтот на Блискиот Исток.
Орбан во текот на денот треба да се сретне со поранешниот американски претседател во Палм Бич, што ќе биде нивна трета билатерална средба, додека Сијарто ќе се сретне со претставници на неодамна формираната Унгарска стопанска комора на Флорида, како и со претставници на производителот на електроника Џабил, која вработува 4.000 луѓе во Унгарија.
Подготвено од А.Ѓ.