13.03.2024 Скопје
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Украина не може да победи во војната против Русија.
„Ние сме прилично сигурни во тоа, бидејќи Русија сега добива и го придвижува фронтот“, рече Сијарто.
Сијарто потсети дека Унгарија останува единствената членка на НАТО која одби да испрати оружје во Киев, бидејќи тоа само ќе го продолжи конфликтот што ниту една страна не може да го добие.
„Разбираме дека колку повеќе оружје се испорачува, толку подолго ќе трае војната и ќе загинат повеќе луѓе. Мислам дека треба да се направат напори за постигнување мир, а не за ескалација на војната“, рече Сијарто.
Зборувајќи за другите спорни точки меѓу Унгарија и НАТО, Сијарто изјави дека неговата влада не ја поддржува кандидатурата на холандскиот премиер од десниот центар Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО.
„Очигледно е дека не можеме да го поддржиме изборот на премиерот Руте со оглед на фактот дека тој беше многу нефер кон Унгарија“, рече Сијарто.
Во 2021 година, Руте рече дека неговата цел била да ја „клекне Унгарија на колена“ поради законот кој критичарите велат дека е анти-ЛГБТ.
Подготвено од А.Ѓ.