Image by wayhomestudio on Freepik

21.03.2024 Скопје

Водечкиот синџир на шведски аптеки „Хјартат“ ја забрани продажбата на креми против стареење на лица помлади од 15 години, освен во случаи кога имаат родителска согласност или соодветна кожна болест.

Овој водечки синџир, кој има околу 390 аптеки низ Шведска, престанува да продава напредни производи за нега на кожата кои вклучуваат состојки како што се аха и бха киселини, витамини А и Ц и ензимски пилинг.

Причината за оваа одлука е медиумски извештај за „експлозија на популарност“ на производи за нега на кожа кај шведските деца под 13 години.

Голем број различни извештаи покажаа дека сè поголем број деца ширум Европа, вклучително и децата во ОК, исто така се свртуваат кон скапа нега на кожата против стареење во потрага по „помлада“ кожа и се одлучуваат да го сторат тоа поради влијанието од она што го гледаат на мрежите како „Тикток“.

Главниот фармацевт во аптеката „Хјартат“, Аника Сведберг, изјави дека на детето не му е потребно користење на напредна нега на кожата, чија цел е намалување на брчките и порамномерен тон на кожата.

„Во случаи кога детето има кожна болест, на пример, атопичен егзема, одредени производи може да придонесат за влошување или реактивирање на симптомите“, објасни Сведберг.

Извршниот директор на компанијата, Моника Магнусон, рече дека сакаат да бидат лидери во овој тренд и да преземат поголема одговорност за да не се вклучат во промовирање на нездрави однесувања и идеали кои зафатиле кај младите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author