https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10159990788329311

27.03.2024 Скопје

На прес-конференцијата со словенечкиот премиер Роберт Голоб, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е за забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во Европската унија (ЕУ), но дека секој што се надева на членство во ЕУ мора да биде свесен дека тоа е не геополитичка одлука, туку процес кој е поврзан за конкретни реформски чекори.

„Се сеќаваме, пред повеќе од 20 години во Солун на земјите од Западен Балкан им беше понудено членство во ЕУ, а ние навистина не стигнавме многу далеку. Затоа е важно сега да се создаде нов моментум и да постигнеме напредок во бројните прашања што се појавуваат“, додаде Шолц.

Германскиот канцелар Шолц истакна дека сето тоа се однесува на решавање на билатерални конфликти, кои претставуваат пречка.

„Ова се однесува, на пример, на прашањето како да се внесе живост во процесот со Северна Македонија, за да не биде попречен од споровите на земјите-членки. Ова се однесува на прашањето Србија-Косово, а секако важи и за прашањето како да се продолжи со Босна и Херцеговина“, додаде тој.

Шолц, исто така, истакна дека е многу благодарен за почетокот на преговорите со Босна и Херцеговина и што „сега одиме по патот на кандидатскиот статус и сите можности што овој статус ги носи со себе“.

„ЕУ нема да стои само како набљудувач од страна, туку конкретно ќе се обиде да постигне напредок во БиХ со потребните реформи“, истака германскиот канцелар Шолц.

Германскиот канцелар оцени и дека берлинскиот процес, кој го воспостави неговата претходничка Ангела Меркел, е потврден како инструмент за зајакнување на конкретната соработка на Западен Балкан и додаде дека оваа соработка ќе се интензивира за да се постигне напредок во целиот западен Балканот во прашањата што се наведени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author