19.03.2024 Скопје
Еспортс репрезентацијата на Србија беше на добар пат да стигне до Европското првенство, но УЕФА реагираше и го спречи српскиот играч Милош Круниќ.
Претходниот викенд се одржа квалификацискиот турнир за Европското првенство на ФИФА во организација на Европската куќа на фудбалот.
Србија го имаше својот претставник Милош Круниќ од Црвена звезда.
Популарниот „Круна“ одигра седум натпревари и со еден пораз оствари шест победи. Французинот и Шпанецот имаа ист учинок, но поради подобар меѓусебен скор Србинот заврши на првото место.
Како што налага правилникот, во таа ситуација се прави меч меѓу споменатите тројца играчи, во кој српскиот претставник беше најдобар.
Сепак, УЕФА по којзнае кој пат покажа дека работи по принципот на двојни стандарди и одлучи Круна повторно да игра против двата ривали каде што беше поразен поради шокот што го доживеа. Неверојатна ситуација која стана нешто нормално за УЕФА. Во најбрз можен рок се очекува реакцијата на Фудбалскиот сојуз на Федерацијата на Србија.
Подготвено од А.Ѓ.