09.03.2024 Скопје
Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната! Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50%! Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра.
Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден! Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација.
Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на сиромаштија. Помалку сиромашни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија! Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години! Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници.
Подготвено од М.Д.