06.03.2024 Скопје
Претставниците на ЦДУ и СПД предложија значително да се зголемат казните за нелегално депонирање отпад во градот.
Овој предлог во текот на следните денови ќе се расправа во парламентот.
Незаконското фрлање догорчиња, најлонски кеси или чаши за еднократна употреба наскоро би можело да ги чини граѓаните 250 евра, наместо сегашните 55 евра.
Преставник на ЦДУ, кој помогнал во креирањето на новиот каталог на казни, истакна дека итно се потребни промени, потенцирајќи дека милиони евра на даночните обврзници ќе се потрошат за депонирање на диво фрлен отпад.
Само во 2023 година се очекува трошоците на берлинската градска чистота да достигнат 12 милиони евра.
Од полското Министерство за клима и животна средина соопштија дека Полска има поднесено жалба до Судот на правдата на Европската Унија во врска со нелегално складирање германски отпад на нејзина територија.
Во соопштението се наведува дека Полска има поднесено жалба до Судот на правдата на Европската Унија против Германија за непочитување на обврските од правото на Европската Унија.
Според процените на полското министерство, во периодот од 2015 до 2018 година во Полска влегле околу 35.000 тони отпад.
Според мислењето на ЕК, Германија во рок од 30 дена не ја исполнила својата обврска да го отстрани отпадот, кој илегално бил транспортиран на југозападот од Полска.
Подготвено од А.Ѓ.