tuberkuloza

26.03.2024 Скопје

Кај 160 луѓе минатата година било потврдено дека имаат туберкулоза. Годинава за неполни три месеци седум деца заболени од туберкулоза, кои се пуштени на домашно лекување.

Болеста кај децата се лекува со антитуберкулозна терапија, а лекувањето трае најмалку шест месеци. Во моментов бројот на хоспитализирани возрасни пациенти варира од 5 до 10.

Од 2007 до 2019 година, Република Северна Македонија имаше континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза. Од 2019тата, земјава припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, кои имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители, тврдат лекарите, кои потсетуваат дека без разлика на социо-демографските карактеристики, секој може да заболи од туберкулоза, но одредени групи на лица се со зголемен ризик да заболат од оваа болест.

Мотото на годинешното одбележување на Светскиот ден за борба против оваа болест е „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата”.

Подготвено од М.Д.

About Author