21.03.2024 Скопје
Според Светската здравствена организација, во светот има околу 200 милиони кучиња скитници. Импресивно, но Холандија не е дел од оваа статистика. Како тоа да го постигнеме во Република Северна Македонија, односно во Скопје, каде проценките се дека во градот има над 4.000 бездомни кучиња.
Во последните три години преку 3.600 граѓани низ земјата пријавиле напади од кучиња скитници. Од нив дури 500 се деца. Но се смета дека бројките се многу поголеми од официјалните, а општините исплаќаат илјадници евра оштети.
Во анкетата која ја реализираше Градска редакција граѓаните велат дека и кучињата имаат душа и треба да се третираат хумано како суштества. Тие велат дека во последно време во Скопје ги има многу, собирани во глутници кои понекогаш стануваат агресивни, а со тоа претставуваат ризик за напади и каснување.
Подготвено од М.Д.