27.03.2024 Скопје
Компанијата Студенац беше преземена пред шест години од полскиот фонд Enterprise Investors. Михал Кеџиа, менаџерот задолжен за инвестиции во Словенија и Хрватска, откри дека компанијата наскоро би можела да биде продадена.
Enterprise Investors во Хрватска е сопственик на малопродажниот синџир Студенац и пекарата Пан-пек. Студенац лани имаше промет од речиси 700 милиони евра, а Пан-пек достигна 51 милион евра.
Денес, Студенац има 1.200 продавници, најмногу во Хрватска и 6.000 вработени.
Како што нагласува менаџерот на фондот, шест години за нив е долг период, нивната работа е да купуваат компании со добра перспектива за раст и да ги продаваат кога ќе постигнат одредени цели.
„Ние сме во процес на разгледување на стратешките опции поврзани со Студенац. Процесот, штом ќе започне, ќе биде многу брз за да не се загрози оперативниот бизнис“, рече Кеџиа.
За потсетување, основачот и првиот сопственик на овој малопродажен синџир, Омишан Јосип Милавиќ, го продаде Студенац на Полјаците во 2018 година.
Подготвено од А.Ѓ.