08.03.2024 Скопје
На свечена церемонија беа прогласени добитниците на вториот БЕАМ фестивал на најдобри настани. По однапред утврдени и јавно објавени критериуми и правила беа оценувани пристигнатите пријави во повеќе категории.
Жири комисијата во состав: Ана Зафирова – фриленс новинарка и експертка по комуникации, Анета Андонова – одговорен уредник на Прв програмски серис, МРТ, Борис Ефтимовски – основач на Маркетинг365, Бранко Илиевски – спортски новинар, Вардан Тозија – режисер, Василка Салевска Трајкова – менаџер за екстерни прашања во Филип Морис, Дејан Пројковски – режисер, Душан Марковиќ – корпоративен маркетинг и ПР директор во Малиќи груп, Кире Синадиновски – директор на Таг тиминг, Коста Петров – основач и извршен директор, Пи ворлд, Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанка, Марта Наумовска Грнарова – генерален менаџер на Завар, Милчо Александоров – светло мајстор, Мите Димовски – композитор и музчки продуцент, Наташа Божиновска Миркова – извршен директор на Репрезент комуникации, Татјана Лопарски – извршен директор на Елемент ПР, Тони Димков – новинар, Огнен Јанески – тв лице, автор и модератор, Рисима Рисимкин – кореограф, уметнички директор на Танц фест Скопје и Лара Чашуле – директор за сервис на клиенти во Меккен Скопје одлучи да додели награди на следните настани:
Најдобар културен / музички настан – ХАЈНЕКЕН 150 DJ ЗА 150 ГОДИНИ НЕЗАБОРАВНИ ИСКУСТВА – Публицис Груп
Најдобар фестивал / манифестација – ЗИМСКА ПРИКАЗНА – Општина Битола
Најдобар корпоративен настан – ENTER THE RED – ВЛЕЗИ ВО ЦРВЕНОТО – Њу Момент Њу Идеас Компани
Најдобар самит, конгрес или конференција – КОНФЕРЕНЦИЈА „ЧУВАРИ НА МУДРОСТА“ Маркетинг агенција Ефектива.
Најдобар настан за бренд активација / промоција на нов производ или услуга – ХАЈНЕКЕН 150 DJ ЗА 150 ГОДИНИ НЕЗАБОРАВНИ ИСКУСТВА – Публицис Груп
Најдобар експо (саем) – SKOPJE AIR FAIR – Авикон
Најдобар прес / пр настан – УБАВИНА ШТО НОСИ ПРОМЕНИ – Њу Момент Њу Идеас Компани
Најдобар НВО настан – ИГРАМЕ ЗАЕДНО ПАК – Аутизам ААМК
Најдобар спортски настан – ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН – Сојуз на спортови на Скопје
Најдобра (бтл) агенција за настани – ПУБЛИЦИС ГРУП
Најдобра рентал компанија – О3 ИНВЕСТ
Најдобар добавувач – О3 ИНВЕСТ.
Специјално признание на БЕАМ доби настанот АЕРОМИТИНГ „100 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА АВИЈАЦИЈА“ на Аероклуб Скопје, како признание за одбележување значаен јубилеј. „Втора година по ред БЕАМ им оддава признание на најдобрите настани. Овој фестивал покажува дека настаните се важни за културата, за бизнисот, за невладиниот сектор, за државните и јавни институции, за спортот, буквално за секој сегмент од општеството. Затоа е важно и да бидат валоризирани. БЕАМ прави пресек на годината што изминала и поттикнуваме натпревар со цел подигнување на креативноста и квалитетот на настаните. Тој е важен за сите нас кои работиме во секторот на организација на настани. Преку него се запознаваме, учиме едни од други, разменуваме искуства. Им честитаме на сите добитници на БЕАМ наградата“, велат од БЕАМ.
БЕАМ Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, а произлезе како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците. Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани, но и ја потенцира важноста на настаните во општеството. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.
Подготвено од М.Д.