https://www.flickr.com/photos/pictures-of-money/17123240849/in/photolist-s685Wv-D7TRFu-GqKgPw-gDEKZ-aFB2Ba-snuFa5-aEmHZ-HGXrab-9UvWJL-6r4vX2-TkFBu3-CWVsq-J15xdN-fT2Wrs-qki3F-5oCZgA-7HKuTk-8bvo2C-8rN9qH-bWiRky-6JQRyv-8yVKuC-sXEyEE-8yVTbL-btSwaf-oyjTD8-8yTa4c-827ToP-aQaDvx-qD6v-4vQJk6-Ymke-pkSbT-nDSzw-4Hwe5n-5nKWpF-7BWAYE-bMifgH-5LyrQh-57nC47-i7dkA-4utRas-7t4vJf-8rgBPN-7xFvR7-o5bapC-oMGgph-aJdoEV-8NUdo6-27DSDrj

19.03.2024 Скопје

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, од денеска до 24 март, дванаесетта година по ред, ја одбележуваат Глобалната недела на парите.

Глобалната недела на парите, како што соопшти Народна банка, традиционално се одбележува преку предавања и објавување едукативни материјали од областа на финансиите.

Во соопштението од Народна банка се посочува дека таквите ризици вклучуваат финансиски измами, вклучително и сомнителни пораки (фишинг), измами при купување преку интернет, како и ризици поврзани со приватноста на податоците, како што е кражбата на идентитетот.

Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Народната банка ќе организира повеќе предавања за учениците од основните и средните училишта. Од Народната банка велат дека организациски го поддржува и националниот натпревар на Европскиот квиз на парите 2024 година, што ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите.

Во меѓународни рамки, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот и со која се опфатени 60 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемништвото.

Подготвено од М.Д.

About Author