medicinska sestra

11.03.2024 Скопје

Република Северна Македонија е рекордер во одливот на медицински сестри. Кај има 50% помалку од потребното и тие што останаа си заминуваат, алармира Бешлиоска. Во Србија има недостиг меѓу 10 и 15%, во Хрватска околу 10%, но тие имаат законски пропишан минимум под кој не смеат да отидат. И таму јасно е поделено што е работа на медицинска сестра, што на болничарка, што на хигиеничарка.

Медицинските сестри во земјава помалку платени од нивните колешки во соседството. Во Србија платата за оваа професија е од 800 евра па нагоре, во Хрватска се движи од 1.000 до 1.500 евра. Во Македонија платата изедначена со минималецот. И покрај повисока плата и подобрите услови за работа, сите земји во регионот се соочуваат со одлив на медицински сестри, вели Гордана Бешлиоска по конференцијата во Сараево.

Светската здравствена организација покажува дека на 3 лежечки пациенти во болница треба да се грижи една сестра. За 30 пациенти на оддел треба да се грижат од 8 до 10 сестри, но во нашите болници има едвај 4 до 5.

Според медицинските сестри, ако не се одлепи платата од минималецот, ако не им се признаат факултетските дипломи и ако не се подобрат условите за работата, за кусо време ќе нема која да се грижи за пациентите.

Подготвено од М.Д.

About Author