Image by jcomp on Freepik

20.03.2024 Скопје

Вакцините против голема кашлица наменети за возрасни кои пристигнаа уште во петокот се уште чекаат да бидат регистрирани во Агенцијата за лекови.

Откако ќе ги поминат административните процедури ќе бидат достапни во Центарот за јавно здравје Скопје. Овие вакцини ќе бидат наменети за трудници од трет триместар кои не се имунизирани со вакцина против пертусис, велат од Министерството за здравство.

„За вакцините за возрасни против пертусис во тек се административни процедури во Агенцијата за лекови и медицински средства за нивна регистрација, по што ќе бидат достапни во Центар за јавно здравје-Скопје.Производител на вакцината е Санофи, Франција.Овие вакцини се наменети за трудници од трет триместар, кои не се имунизирани со вакцина против пертусис“, велат од Министерството за здравство.

Од министерството за здравство велат дека пристигнати се само 50 дози, но ако треба ќе се набават и дополнителни количини, додека пак цената ќе се утврдува по завршувањето на процедурите во МАЛМЕД.

Во меѓувреме бројката на заразени продолжува да расте. Центарот за јавно здравје Скопје денеска регистрирал 14 нови случаи.

Подготвено од М.Д.

About Author