12.03.2024 Скопје
Базата Порт Локрој на Антарктикот, главната локација на добротворната организација, повторно регрутира за да ги исполни улогите на базен менаџер, менаџер на продавница, чувар на дивиот свет и управител на пошта за претстојната сезона од ноември 2024 до март 2025 година.
Сигурно сте сонувале да се оддалечите од работата што ја работите. Ок, не си лош, но повторно, ти е доста да работиш со истите луѓе и да ги слушаш истите приказни. Секој што се чувствува вака и кој е жител на Обединетото Кралство, има можност да направи нешто во врска со тоа.
Имено, „UK Antarctic Heritage Trust“, тимот кој се грижи за одржување на објектите на Антарктикот, регрутира нови членови за својот тим на Антарктикот, а апликациите се отворени за сите жители на Обединетото Кралство. Да, добро прочитавте, работата се нуди на најмалку населениот и најстудениот континент во светот.
Базата Порт Локрој на Антарктикот, главната локација на добротворната организација, повторно регрутира за да ги исполни улогите на Базен менаџер, менаџер на продавница, чувар на дивиот свет и управител на пошта за претстојната сезона од ноември 2024 до март 2025 година.
Порт Локрој минатиот месец ја прослави својата 80-годишнина и првично беше поставена како тајна мисија од Втората светска војна во 1944 година. Всушност, тоа е најстарата постојана британска база на Антарктикот, пренесува Нова.
Но, местото нема само интересна историја. Островот на кој се наоѓа, Гуидер, е со големина колку фудбалско игралиште и е дом на колонија на посебен вид пингвини. Го посетуваат околу 15.000 луѓе годишно.
Звучи интересно? Па, според описот на работата, добротворната организација бара луѓе кои не само што се страстни за Антарктикот, туку и издржливи, физички способни и способни да се придржуваат до строгите протоколи.
Оние кои ќе ја добијат работата ќе мора да издржат 24-часовна дневна светлина и да бидат без вода цели пет месеци.
Подготвено од А.Ѓ.