19.03.2024 Скопје
СДСМ оваа сабота на Конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев синоќа изјави дека при одлучувањето ќе се води сметка за рејтингот, кредибилитетот и реномето на личностите, а секако ќе се внимава и на родовата и регионалната застапеност.
Ние имаме јасна визија за иднината на државата и отворено ја кажуваме. Ние донесовме тешки одлуки, но тие одлуки беа за повисока цел. Благодарение на тоа нашата држава сега е рамноправна членка на НАТО, а ние не се плашиме да кажеме дека нашата идеја е членство во Европската Унија.
За разлика од Мицкоски кој вели дека ни за 100 години нема да влеземе во ЕУ, ние сакаме Република Северна Македонија да стане дел од тоа друштво кое носи повисоки плати и пензии, подобро здравство, поквалитетно образование, истакна Богоев.
Подготвено од М.Д.