25.03.2024 Скопје
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на 28. конгрес на СДСМ ги објави носителите и ко-носителите на изборните листи и презентираше делови од програмата на СДСМ за парламентарните избори на 8 мај.
Во првата изборна единица, Ковачевски е носител на листата на партијата и коалицијата. Зад него е Моника Зајкова од ЛДП. Во втората изборна единица, носител е Оливер Спасовски, поранешниот министер за внатрешни работи. Втор е Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и заменик претседател на владата за економски прашања. Сања Лукаревска, заменик-претседател на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи е носител на пратеничката листа во третата изборна единица. Зад неа е и Љупчо Николовски, министер за земјоделство. „Четворката“ ја предводат Венко Филипче, поранешен министер за здравство и поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Во петтата изборна единица, носител е Јован Митрески, претседател на Собранието, а ко-носител е Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседател на СДСМ и министерка за култура. Во шестата изборна единица листата на СДСМ ќе ја ја предводи Славјанка Петровска, министерка за одбрана, а зад неа е Агрон Демири.
Во обраќањето во отворениот дел од конгресот, Ковачевски рече дека очекува двојна победа на изборите.
Подготвено од М.Д.