25.03.2024 Скопје
Ќе се гради забавен парк во Саудиска Арабија врз основа на познатата јапонска анимирана серија „Драгон бол“ во чест на починатиот креатор.
Од фирмата која стои зад проектот наведуваат дека ќе има змеј од 70 метри во центарот и најмалку 30 ролеркоустери. Паркот ќе биде првата ваква атракција во светот базирана на легендарната анимирана серија со која израснаа милиони деца ширум светот.
Според Кидија Инвестмент Компани (КИЦ), која е во целосна сопственост на инвестицискиот фонд на владата на Саудиска Арабија, паркот ќе се простира на повеќе од половина милион квадратни метри.
Плановите се дел од „долгорочно стратешко партнерство“ помеѓу КИЦ и Тоеи Анимејшон, јапонскиот продуцент на „Драгон бол“.
Според официјалната веб-страница на „Драгон бол“, паркот ќе вклучува тобоган во внатрешноста на змејот направен по моделот на Шенрон, змеј кој исполнува желби кога се појавува во серијата. Ова е дел од плановите на земјата богата со енергија да ја диверзифицира својата економија подалеку од фосилните горива.
Објавата наиде на одредени критики од обожавателите, повикувајќи се на досието за човековите права во Саудиска Арабија.
Подготвено од А.Ѓ.