19.03.2024 Скопје
Советот на Општина Кавадарци донесе одлука за распределба на финансии за приоритетни проекти од невладини организации, информираа попладнево од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Распределбата на финансиски средства е по јавен повик за прибирање предлог-проекти по приоритетни области.
Со Одлуката, како што се наведува во соопштението, Советот на Општина Кавадарци врши распределба на финансиските средства согласно јавен повик, за прибирање предлог-проекти по приоритетни области, согласно Програмата за развој на невладиниот сектор на Општина Кавадарци за 2024 година.
Според Одлуката, меѓу другите, 250 000 денари ќе добие Здружението за родова еднаквост ,,Визија”, а 200 000 Доброволното противпожарно друштво ,,Сашко Гешовски”.
„Одобрените финансиски средства треба да се користат наменски за проектни активности, предвидени во доставените предлог проекти“, велат од Кабинетот на Јанчев.
Подготвено од М.Д.