28.03.2024 Скопје
Вчера на Техничкиот факултет во Битола се одржа Саем за вработување, практиканство и стипендирање на кој учество зеде и нашата подружница РЕК Битола.
Саемот е мост што го поврзува компаниите со студентите – идни инженери.
Техничкиот факултет е долгогодишен соработник на АД ЕСМ во многубројни проекти. Секоја година компанијата доделува по пет нови стипендии на студенти од прва година на Техничкиот факултет во Битола.
Подготвено од М.Д.