19.03.2024 Скопје
Именувањата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски не треба никого да изненадуваат, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.
Таа порача дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција.
Агелер, во објава на Фејсбук, порача дека народот на Република Северна Македонија заслужува правда и одговорност од нивните институции.
Подготвено од М.Д.