25.03.2024 Скопје
Руските банки се подготвени да ги отпишат сите долгови на семејствата на загинатите и повредените во терористичкиот напад во салата Крокус во Подмосковље.
Сбербанк потврди дека има програма за поддршка на корисниците во итни ситуации.
„Веќе ги анализираме информациите за заемите на загинатите и повредените во терористичкиот напад на 22 март 2024 година. Нивните заеми ќе бидат подмирени“, соопшти оваа најголема руска банка.
Банката ВТБ вети и отпис на сите долгови поради заемите на загинатите и повредените во терористичкиот напад.
Алфа банка, Совкомбанка, Хоум банка (ХЦФ банка) и Тинкоф банка исто така планираат да ги отпишат долговите на сите жртви на терористичкиот напад и нивните најблиски.
Подготвено од А.Ѓ.