07.03.2024 Скопје
Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска и утре ќе се одржи регионална конференција за род и безбедност.
Конференцијата има за цел да ја олесни размената на искуства, добри практики и предизвици при унапредувањето на родовата еднаквост во рамките на органите за спроведување на законот во регионот на Југоисточна Европа.
Како што најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал и директорот на ОДИХР Матео Мекачи.
На конференцијата ќе присуствуваат претставници од полицијата, безбедносни агенции и полициски синдикати од Република Северна Македонија и регионот.
Подготвено од М.Д.