12.03.2024 Скопје
Вкупната вредност на индустриското производство во јануари е за 10,7 отсто поголема од декември и за 12,2 отсто поголема од јануари лани.
Вкупните приходи од продажба во индустријата се зголемени на месечно ниво за 0,4 отсто, а на годишно ниво за 1,4 отсто, објави заводот за статистика.
Во првиот месец од годинава најмногу порасна вредноста на индустриското производство во преработувачките дејности и тоа за 16,3 отсто, потоа во рударството со 11,0 отсто, додека снабдувањето со електрична енергија, гас и пареа е намалено за 5,7 отсто.
Најголем раст, 17 отсто, статистичари забележале кај производството на производи за средна потрошувачка. Кај инвестициските производи вредноста е зголемена за 8,4 отсто, а кај производите за широка потрошувачка за 6,3 отсто.
Вкупните приходи од продажба во индустријата се зголемени за 0,4 отсто на месечно ниво. Во преработувачката индустрија е зголемен за 0,4 отсто, а во рударството за 0,2 отсто.
На годишно ниво, вкупните приходи најмногу бележат рударство, за 44,6 отсто, а во преработувачката индустрија се зголемени за 1,0 отсто.
На месечно ниво, приходите од продажба на производи за општа потрошувачка се зголемени (за 2,4 отсто), додека кај производите за средна потрошувачка и инвестициите бележат пад (кај првите за 1,4 отсто, за вторите за 3,2 отсто).
Вкупната вредност на залихите во индустриското производство е за 3,2 отсто поголема од декември и 1,5 отсто поголема од јануари лани.
Вредноста на залихите на годишно ниво е повисока само кај производите за инвестиции (за 15,8 отсто), кај производите за општа потрошувачка е иста, а кај производите за средна потрошувачка е помала (за 4,3 отсто).
Подготвено од А.Ѓ.