hrvatska i eu

14.03.2024 Скопје

Хрватскиот Парламент денеска е едногласно распуштен во пресрет на претстојните парламентарни избори, кои, како што претходно најави премиерот Андреј Пленковиќ, ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, а секако и пред европските избори.

Изборите ќе ги распише претседателот на Републиката Зоран Милановиќ.

Претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ им се заблагодари на сите вработени и на сите што им овозможија на пратениците да работат добро и квалитетно, што беше поздравено со аплауз.

На последната седница на парламентот во ова свикување беа изгласани измените на Законот за кривична постапка и на Законот за заштита од семејно насилство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author