kompiri

06.03.2024 Скопје

Поголемите производители обезбедија семенски компир навремено и главно го завршија садењето многу пред оптималните датуми, бидејќи температурите се над просекот за овој период од годината.

Ова доведе и до повремен недостиг на семенски компир, но од земјоделските аптеки велат дека набавките се во тек.

Поради слабиот принос, цената на компирот лани достигна триесетгодишен рекорд, па годинава ќе бидат засадени најмалку 20 отсто повеќе површини.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author