ramiz merko

20.03.2024 Скопје

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против градоначалникот Рамиз Мерко. Како што соопштија утрово од Јавното обвинителство, Мерко е обвинет дека пред две години незаконски именувал в.д. директор на основно училиште во селото Лабуништа.

Според Обвинителството, против Mерко е поднесен обвинителен предлог, односно предметот ќе оди по скратена постапка, за кривичното дело несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Ставот 1 за ова кривично дело предвидува затворска казна од три месеци до три години.

Во кусото образложение на делото за кое струшкото обвинителство го товари градоначалникот се наведува дека тој како службено лице, односно градоначалника на Општина Струга, на 31 јануари 2022 година свесно ги повредил законските прописи при именувањето на вршител на должност директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа.

Подготвено од М.Д.

About Author