uchilnaa

09.03.2024 Скопје

Француските сенатори предупредуваат дека францускиот училишен систем е загрозен од радикалниот ислам.

Сенаторите ја повикуваат државата да започне „проактивен пристап“ кон проблемот, а француското Министерство за национално образование да ја „врати контролата“ врз образованието за да ги брани училиштата од радикалниот исламизам.

Оценката на сенаторите е дека радикалниот исламизам „станува вообичаен феномен“.

Забележани се зголемени закани за поединечни наставници дека ќе ја доживеат судбината на Пати.

Самуел Пати бил учител кој бил обезглавен од радикален муслиман во Париз во 2020 година, откако држел предавање за потребата религијата да се одвои од државата.

Ова убиство го поттикна францускиот Сенат да иницира редовни извештаи.

Сенаторите наведуваат дека сегашната ситуација е производ на растот на „етнички комунитаризам“ и „идентитетска политика“ и дека поттикнува манифестација на „радикален ислам“.

Тие исто така истакнаа дека ваквите ставови се шират преку социјалните мрежи.

Извештајот содржи превентивни препораки за подобрување на состојбата.

Тие вклучуваат проширување на забраната за носење „нагледни“ религиозни симболи на настани закажани по училишните часови, како дел од напорите за враќање на авторитетот на наставниците.

Во извештајот се забележува дека бројот на наставници кои дале отказ е зголемен за дури 36 отсто во однос на претходната учебна година, како во основното така и во средното образование.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author