https://www.facebook.com/MacedonianOrthodoxChurch/photos/10153151035346856

08.03.2024 Скопје

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан бил во дводневна посета на Белград, Србија, по покана на Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј, а по повод тригодишнината од неговиот избор за Претстоител на сестринската Српска Православна Црква.

Архиепископот бил придружуван од членовите на работниот состав на Светиот архијерејски синод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и од секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент.

На средбата присуствувале и Неговото Преосвештенство Епископот Бачки г. Иринеј, член на Светиот архијерејски синод на Српската Православна Црква и архимандритот Нектариј Ѓуриќ, главен секретар на Синодот на Српската Црква.

Посетата, поминала во пријателска и братска атмосфера, при што посебно внимание се посветило на актуелностите во сеправославиот свет.

Подготвено од М.Д.

About Author