27.03.2024 Скопје
Едно лице загина, а друго е рането во престрелката што се случи во Приштина, соопшти косовска полиција.
Жена и маж се здобиле со прострелни рани во престрелката што се случила синоќа во Приштина, околу 21:15 часот на улицата Јеронима де Рада, при што мажот им подлегнал на повредите, додека жената е пренесена на лекување во Клиничкиот болнички центар. според соопштението на полицијата.
Полицијата соопшти дека се уште не се идентификувани осомничените инволвирани во овој случај.
Подготвено од А.Ѓ.