26.03.2024 Скопје
Американскиот лендер без екипаж, кој стана првото приватно вселенско летало на Месечината, згасна засекогаш, соопшти компанијата што го изгради.
Intuitive Machines, со седиште во Хјустон, во саботата соопшти дека вселенското летало Одисеја не успеало да оствари контакт минатата недела, кога се очекувало неговите соларни панели да добијат доволно сончева светлина за да го вклучат радиото.
Лендерот се спушти на Месечината под нестабилен агол на 22 февруари, но сепак успеа да заврши неколку тестови и да испрати фотографии пред да влезе во повеќенеделната лунарна ноќ.
Компанијата Intuitive Machines се надеваше дека леталото може да се „разбуди“ кога повторно ќе прими сончева светлина, како јапонското летало SLIM кое направи незгодно слетување минатиот месец.
Како што наведоа во саботата на социјалната мрежа Твитер, по неколкудневно чекање, операторите потврдиле дека електроенергетскиот систем на лендерот „нема уште еднаш да се јави дома“.
Подготвено од А.Ѓ.