11.03.2024 Скопје
Денес во 12:00 час. пред Министерството за Правда во Скопје, здруженијата “Човекот над профитот”, “Но Пасаран”, КСОМ и ПЦЕР ќе одржат ќе одржат мирен протест.
Го повикуваме министерот за правда и владата да се изјаснат зошто не се применуваат промените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, а се однесуваат на застарувањето на долгови, изгласаните од Собранието, и во службен весник објавени пред повеќе од седум месеци и покрај потврденоста на уставноста на законот од Уставниот суд во месец јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. Утре ќе се поднесуваат писмени барања од граѓани за примена на законот кај министерот за правда.
– Здруженијата се соединети во – борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, прподавници за пари извршители и низа на корумпирани државни службеници, се вели во соопштението од здруженијата.
Подготвено од М.Д.