07.03.2024 Скопје
За време на реновирање на пазарот Коста во италијанскиот град Фано во провинцијата Пезаро Урбино, работниците неодамна пронајдоа два скелети. Станува збор за останки на возрасен и дете од средниот век.
„Можно е член од семејството да го држи телото на детето, најверојатно мајката“, објаснува Иларија Венкони, археолог од Дирекцијата за ликовни уметности и пејзаж на Анкона и Пезаро Урбино.
По ова археолошко откритие, научниците ќе направат ДНК анализи, кои ќе одговорат на прашањето дали се пронајдени останки на луѓе кои имале семејни врски. Интересно е што на истата локација, на само неколку метри, како што забележа Илариа Венкони, претходно биле пронајдени остатоци од времето на антички Рим.
Подготвено од А.Ѓ.