21.03.2024 Скопје
Научниците од Перу открија 16 милиони години стар фосилен череп на речен делфин, чиј најблизок жив роднина е јужноазискиот речен делфин во индиската река Ганг.
Палеонтологот Родолфо Салас рече дека черепот му припаѓа на најголемиот делфин за кој е познато дека живеел во водите на Јужна Америка.
Делфинот наречен „Pebanista yacuruna“ по перуанското митолошко суштество, е долг од три до три и пол метри, а некогаш живеел во водите на денешен Амазон.
„Овој делфин е поврзан со делфинот на реката Ганг во Индија“, рече Салас, истакнувајќи дека делфинот пронајден во Перу е многу поголем од неговите живи роднини во Азија.
Тој додаде дека предците на двата делфина претходно живееле во океанот.
„Ова им овозможи да заземаат големи океански простори во близина на бреговите на Индија и Јужна Америка. Овие животни живееле во слатководни средини и во Амазон и во Индија. За жал, тие изумреле во Амазон, но преживеале во Индија”, вели Салас.
Подготвено од А.Ѓ.