prolet

18.03.2024 Скопје

Годинава пролетта ќе започне во среда, на 20 март во 04:06 часот, додека во исто време ќе започне есента за жителите на јужната хемисфера, соопшти Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“.

На денот на почетокот на пролетта, сонцето во Белград изгрева во 05:40, а заоѓа во 17:50 часот, што значи дека денот ќе трае 12 часа и 10 минути, а ноќта ќе трае 11 часа и 50 минути.

На денот на пролетната рамноденица денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи атмосферата на Земјата навидум го издигнува Сонцето над хоризонтот, забележува Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author