29.03.2024 Скопје
Во февруари реалните приходи од продажба на мало повторно се намалуваат и месечно и годишно. Кај прометот со моторни возила е помал во месечната споредба, а поголем во годишната споредба, објави Државниот завод за статистика.
Во февруари реалните приходи од продажба на мало опаѓаат трет месец по ред, овој пат падот изнесува 0,9 отсто. Во трговијата со непрехранбени производи бележи опаѓање од 0,3 отсто, а во трговијата со моторни горива и прехранбени производи бележи пораст од 2,6, односно 1,5 отсто.
Во однос на лани, реалните приходи од продажба се помали за 5,6 отсто. Во трговијата со моторни горива е намален за 13,0 отсто, а во трговијата со непрехранбени производи за 0,9 отсто. Во трговијата со намирници, пак, бележи пораст од 3,9 отсто.
Статистичарите презентираа и податоци за првите два месеци од годинава. Споредбата на годишна основа покажа пад на реалниот приход во тоа време за 3,8 отсто. Во трговијата со моторни горива, реалниот приход е помал за 14,8 отсто, а во трговијата со непрехранбени производи за 0,3 отсто, додека во трговијата со намирници е зголемен за 2,7 отсто.
Реалните приходи од продажба на моторни возила и нивна поправка во февруари се намалени за 5,8 отсто на месечно ниво, а зголемени за 6,0 отсто на годишно ниво. Во првите два месеца од годинава е повисока од истиот период лани, за 10,7 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.