guchi

21.03.2024 Скопје

Се очекува дека продажбата на модните производи Гучи ќе падне за 20 отсто во првиот квартал од оваа година, пред се поради забавувањето на економскиот раст во Азија, изјави денеска сопственикот на компанијата Керинг од Париз.

Минатата година Гучи учествуваше со две третини од деловниот приход на гореспоменатата француска корпорација специјализирана за луксузни стоки.

Се проценува дека Гучи генерира повеќе од една третина од продажбата во Кина, чија економија е во тешка состојба.

Други познати брендови на Kering се Yves Saint Laurent, Balenciaga и Botega Veneta.

Медиумите пренесуваат дека ова предупредување на француската корпорација е во спротивност со предвидувањата на нејзините ривали, како LVMH и Hermès, кои не очекуваат пад на продажбата.

Керинг објави дека нејзината нето добивка паднала за 17 отсто минатата година, а нејзините акции паднале за повеќе од 23 отсто во текот на минатата година.

За споредба, нејзиниот најголем конкурент LVMH, кој, меѓу другото, ги поседува Луј Витон и Хенеси, оствари поголема продажба од очекуваната за 2023 година.

Хермес, исто така, објави рекордна годишна продажба минатата година со планови да ги награди сите вработени ширум светот со бонуси.

Додека нивните резултати покажаа издржливост на луксузниот пазар, Гучи ги таргетира помладите клиенти поподложни на економски влијанија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author