https://www.facebook.com/photo.php?fbid=413815294205828&set=pb.100067320813651.-2207520000.&type=3

12.03.2024 Скопје

За привлекување на странски туристи во земјава, клучно е укинување на визите за некои држави како што тоа го направи албанската Влада, која до крајот на годината ги укина визите за граѓаните на пет држави меѓу кои се Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман, и Тајланд.

Албанија минатата година регистрираше рекордна бројка на странски туристи или 7,5 милиони, што е за 35 отсто повеќе од претходната година.

Во Република Северна Македонија во јануари годинава се регистрирани  47.761 турист, од кои 40,4% се домашни, а 59,6 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Најголем е бројот на туристите од соседството – Србија, Албанија, Турција, Грција, Бугарија, Косово.

Деловниот бизнис совет на Република Северна Македонија со земјите од Блискиот исток, има остварено бизнис контакт и веќе има испратено барање до македонските институции за укинување на визите за Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Обединетите арапски емирати. Одговор нема. Република Северна Македонија има визи за Русија и Кина. Од Кина веќе има барање за укинување на визите токму во името на туристичката соработка меѓу двете земји. Со Русија актуелни се санкциите на ЕУ на кои се приклучи и Македонија.

Но, одговор на овие барања од македонската влада засега нема.

Подготвено од М.Д.

About Author