kosovo

28.03.2024 Скопје

Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа на денешната седница ја поддржа препораката на репортерката Дора Бакојани Косово да биде прифатено во таа организација.

Ова е чисто политичка одлука, бидејќи Косово е чекор поблиску до членство во најмасовната европска организација и покрај фактот на речиси секојдневно кршење на владеењето на правото, на кое се заснова Советот на Европа.

Имаше 31 за, додека четворица претставници на земјите во политичкиот комитет беа против, а еден воздржан.

И во Приштина не криеја дека имотот му го вратиле на манастирот Високи Дечани дури кога Бакојани им кажала дека тоа е еден од условите за Советот на Европа. Ова јасно го кажаа нивниот премиер Албин Курти и претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Малкумина може да поверуваат дека преостанатите обврски, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини, Приштина подоцна ќе ги исполни и, како што рече Бакојани, ќе следи постмониторинг.

Истиот ЗСО не сака да формира веќе 11 години откако е договорен со Бриселскиот договор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author