venecuela

07.03.2024 Скопје

Претседателските избори ќе се одржат во Венецуела на 28 јули. Датумот на изборите го објави Националниот изборен совет на Венецуела (CNE).

Елвис Аморосо, шеф на CNE, рече дека членовите на Советот едногласно го избрале 28 јули од речиси 30 други можни датуми.

Се очекува претседателот Николас Мадуро, кој е на власт 11 години, да се кандидира за реизбор.

Неговата противкандидатка, Марија Корина Мачадо, доби забрана да ја извршува функцијата поради наводни финансиски малверзации, што таа го негира.

Минатата година власта и опозицијата се договорија да одржат избори во 2024 година и да поканат меѓународни набљудувачи.

Изборите во 2018 година, кога Мадуро беше прогласен за победник, беа широко отфрлени како ниту слободни ниту фер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author